Од Градот информираат дека акцијата претставува исполнување на претходно даденото ветување дека ќе се стави крај на хаосот кој со години ја нарушува конкуренцијата и ја загрозува безбедноста на патниците.
Според најавените мерки, на возилата што ќе се затекнат како вршат превоз без соодветна дозвола ќе им биде изречено одземање на шест месеци, а ќе следуваат и парични казни преку платен налог. Од Инспекторатот потенцираат дека целта не е казнување по секоја цена, туку воспоставување систем во кој сите учесници ќе работат легално и транспарентно.
„Со оваа мерка испраќаме јасна порака дека безредието нема да се толерира. Скопје мора да биде град во кој законите важат за сите и во кој граѓаните имаат безбеден и регулиран превоз“, наведуваат од Град Скопје.
Контролите ќе продолжат секојдневно и ќе се засилуваат во наредните денови, со цел да се обезбеди сигурен јавен превоз без импровизации и ризици за граѓаните.
Од Градот порачуваат дека ова е само еден од чекорите кон поуреден и побезбеден главен град, во кој институциите ќе постапуваат професионално и бескомпромисно.






