„Би сакале да ги информираме угостителите, но и граѓаните дека Градот Скопје нема ингеренции и е единствената единица на локална самоуправа во Македонија која по закон нема градежна инспекција, ниту пак врши инспекциски надзори над угостителски објекти. Таа обврска е на општините. Оттука би сакале да посочиме дека Градот Скопје единствено разгледува елаборати за поставување на урбана опрема, кои може да ги одобри, или да ги одбие во управна постапка, или да ги врати на доработување. Инспекциските надзори поврзани за градби се надлежност на општините, а оттука и одлуките за отстранување на нелегални објекти е нивна“, информираат од градската администрација.
Во тој контекст од Град Скопје ја информираат јавноста, угостителите и граѓаните дека шпекулациите за наводен притисок од страна на град Скопје за уривање објекти е целосно неточна.
„Ги охрабруваме граѓаните дека доколку бидат соочени со вакви информации, или доколку некој ги убедува дека имаат налог од Градот Скопје за рушење, истото да го пријават во МВР и во Градот Скопје. за да поднесеме соодветна пријава. Овие рекетарски шеми на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Скопје е недозволиво“, порачуваат од Град Скопје.