Од Градот информираат дека јавната дискусија се однесува на градските четврти „СЗ 08“, „C3 15“, „C3 16“, „C3 18“ и за „C3 17“.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected]

Границите на опфат на градска четврт СЗ 08 се од североисток – по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница булевар “Илинден”, од југоисток – по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница улица “Црногорска”, од југозапад – по оска на улица “Лука Геров” и од северозапад – по оска на “улица Лепенец”.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 15 се од север – по оска на Булевар “Партизански Одреди “, од исток – по оска на улица “Ѓорче Петров “, од југ – по оска на улица “Ѓорче Петров “ и од запад – по оска на Булевар “Македонска Војска “.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 16 се од север – по оска на планирана траса на градска магистрала Бул. “Илинден” (постоечка улица 1409), од исток – по оска на планирана траса на улица “Ацо Шопов”, од југ – по оска на Булевар “Партизански Одреди” и од запад – по оска на Планирана траса на градска магистрала улица “Црногорска “(постоечка улица 1409).
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 17 се од северисток – по оска на река Лепенец, од југоисток – по оска на река Вардар, од југозапад – по оска на планирана траса на градска магистрала Бул. “Илинден” (постоечка улица 1409) и од северозапад – по оска на планирана траса на магистрална сообраќајница улица „Словенечка“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 18 се од исток – по оска на новопланирана сервисната улица ,,Фјодор Достоевски“, од југоисток – по оска на сервисната улица ,,Ацо Шопов“, од запад – по оска на новопланирана собирна улица ,,Ацо Шопов“ и од север: по оска на градска магистрала булевар “Илинден“.
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.






