„Мафијашите мислат дека можат да прават што сакаат и ќе си поминат неказнето, а нивниот број се зголемува. Сите скопјани трпат штета од таквите. Нема вода од таквите. 700 литри вода по жител на Скопје е тоа што овие ликови трошат на грбот на скопјани и на природниот извор Рашче.
Додека не пикнат еден од овие во затвор, состојбите само ќе се влошуваат, а друг извор немаме и нема како да се добие вода. Џабе негодувања, џабе жалење.
За време на откривањето на оследниот случај со дивиот приклучок, извесен инспектор од МВР наречен Бујо, во бес дека е фатен на лице место, физички ја нападна советничката на Град Скопје Ирена Витина пред очите на неговите колеги од МВР кои не реагираа на нападот, иако истиот беше пред 10 сведоци и целиот настан е снимен од почеток до крај“, соопшти Град Скопје.






