„Решението го антидатирале демек е направено на 2.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во Катастар неколку часа по нашите пријави во МВР. Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да ‘филозофираат’, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали. Досега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази, а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да уништуваат докази!!! Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност“, се наведува во објавата на фејсбук на Град Скопје.
Град Скопје: Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски да ги фатат криминалците
Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал, реагираат денеска Град Скопје на нивниот фејсбук профил. Според нив, Општина Чаир вчера во 14:44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднела решение за поништување на решението кое го издадале за „криминалната легализација со фалсификувани документи“ што ја открил Град Скопје.

Објавено на
часот