Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека новата катна гаража значително ќе го олесни паркирањето како за вработените, така и за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат Клиничкиот центар поради здравствени потреби.
„Реално ќе го реши проблемот за вработените и за сите наши сограѓани кои доаѓаат овде. До крајот на мојот мандат планираме изградба на две катни гаражи, а првата ќе започнеме да ја градиме до втората половина на оваа календарска година“, изјави градоначалникот по посетата на првороденото бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).






