петок, 6 февруари 2026

Град Скопје ќе гради Центар за образование и рехабилитација за лица со попреченост

За првпат во историјата, Скопје прави голем и човечки исчекор напред. За првпат досега во Македонија, ќе започнеме постапка за обезбедување на целосна документација и враќање на земјиштето, со што се создаваат услови за воспоставување на ресурсен центар со станбено домување и Центар за образование и рехабилитација за лица со попреченост од 16 години, па нагоре, напиша градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на официјалниот фејсбук профил.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиевски информираше дека денеска, заедно со министерката за образование Весна Јаневска, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска и Граѓански здруженија, го посетиле просторот каде што оваа идеја треба да стане реалност.
„Центарот ќе биде лоциран во Драчево. Нашите планови се темелно да се реконструираат веќе постоечките објекти, а паралелно да се постават и нови, современи и целосно прилагодени простори. Ќе се изградат и нови игралишта.Грижата за лицата со попреченост не смее да биде само декларативна. Таа мора да се гледа, да се чувствува и да значи сигурност за нив, но и за нивните семејства. Токму затоа, Град Скопје како основач, заедно со Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кисела Вода, го започнуваме овој процес во кој активно ќе бидат вклучени и здруженија и фондации. Ова е чекор со кој покажуваме дека овие категории граѓани не се заборавени и дека нивното достоинство и квалитет на живот се наш приоритет“, напиша Ѓорѓиевски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ