За ваков тип на хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.
Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице Екопор не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата.
Апелираме Општина Кисела Вода да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, соопшти Град Скопје.