четврток, 11 декември 2025

Град Скопје ја почна манифестацијата „Украсуваме по скопски“ за празнично разубавување на градот

Градот Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови придонесувајќи во разубавувањето на празничниот амбиент на градот за време на новогодишните и божиќните празници.

Објавено на

часот

Сподели

Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, од 9 до 16 часот, во периодот од 11 до 23 декември 2025 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адресата, учесниците можат да ги испраќаат на интернет-адресата [email protected], или на адреса: булевар „Илинден“ бр. 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски“.

Градот годинава ќе избере победници во три категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа; најубаво новогодишно украсена тераса од стан и најубави раскази напишани од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија, која ќе биде составена од претставници на медиумите, коишто исто така ќе ги оценуваат и составите на средношколците. Сите заинтересирани медиуми може да пријават свои претставници за членови во жири-комисиите на  следнава интернет-адреса [email protected].

Град Скопје најави дека за најдобрите учесници во сите категории ќе обезбеди соодветни награди, кои ќе им бидат врачени од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ