Град Скопје информира дека на настанот, реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта.
„Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со Даунов синдром, како и за потребата од градење општество без бариери. Засадените дрвја претставуваат траен потсетник дека секое дете заслужува љубов, почит и можност да го достигне својот потенцијал“, се наведува во соопштението.

Град Скопје нагласува дека останува посветен на унапредување на инклузивните политики и создавање средина во која различностите се прифаќаат како вредност, а не како пречка.
„Преку вакви иницијативи се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите“, соопшти Град Скопје.






