„Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните. Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале. Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало. Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа. Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница“, напиша на војот фејсбук-профил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Надометоците за членовите на одборите наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, се намалени на 10.000 и 8.000 денари. Таму каде што бројот на членовите на управниот одбор бил 14, сега е седум.






