понеделник, 8 декември 2025
Град Скопје

Забрана за фрлање ѓубре меѓу 22 и 6 часот, Левица: Скандалозно

Советот на Град Скопје изгласа одлука за ноќна забрана за фрлање ѓубре.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните нема да смеат да фрлаат смет во контејнерите од 22 часот навечер до шест часот наутро следниот ден. За непочитување ќе следи казна од 50 евра.

Со ваквата забрана, велат од Град Скопје, контејнерите ќе се празнат поефикасно и нема да се создаваат депонии околу нив.

„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, вели Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје

Советничката група на Левица ваквата одлука ја квалификува како скандалозна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ