Од Град Скопје, апелираат до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи, нагласуваат, неказнивоста и непостапувањето предизвикува сторителите на вакви дела да мислат дека се недопирливи пред законот.
„Фирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110kV кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје. На ова земјиште сопственост на Република Македонија се прави сериозна штета на главниот далновод, известени се сите надлежни институции за кои очекуваме да не се кријат и да постапуваат“, велат во соопштението од Град Скопје.