„Зафатена е површина со сува трева и жито. Првично интервенираа 4 пожарникари и едно противпожарно возило (ПП). Дополнително е побарана помош од страна на ТППЕ Велес со уште една екипа од 4 пожарникари и 1 ПП возило. Вкупно на терен интервенираат 8 пожарникари со 2 ПП возила“, информираа од регионалниот ЦУК од Велес.






