Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во Јасен гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано Ливада, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума и сеча.
Од изгаснатите пожари, по два биле на територија на општините Гостивар, Петровец и Тетово, а останатите во регионот на Гази Баба, Долнени, Желино, Крушево, Неготино, Радовиш, Струга, Студеничани и Чишиново – Облешево.






