Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
„Оштетено е едно возило марка голф, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа“, кажа градоначалникот.






