сабота, 21 март 2026

Гореа 20 хектари нискостеблеста шума и сува трева во Старо Нагоричане

Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, Општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума“, изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Неодамна, полицијата уапси жител на оваа општина кој се сомничи дека запалил стрниште, по што предизвикал пожар во туѓ имот. Најголем од пожарите во оваа општина, изминативе години биле на отворен простор, покажуваат податоците на ТППЕ Старо Нагоричане.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ