недела, 14 декември 2025

Горат три куќи во Ново Село, пожарот се гасне и со хеликоптери

Силен пожар попладнево избил во плевна на куќа во општина Ново Село, кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Како што соопштија од ЦУК, огнот се шири многу брзо, а во близина има бензинска пумпа.

Објавено на

часот

Сподели

Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија, но, во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што, наведуваат, гаснењето е отежнато.

„Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица“, посочуваат од ЦУК. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ