Активни пожари:
Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);
Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).
Пожари под контрола:
Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);
Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
Изгаснати се пожари во следните општини: Студеничани (Горно Количани, Батинци), Бутел, Сарај, Кисела Вода, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Дојран, Струга, Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Тетово, Брвеница и Гостивар.






