Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа за да може екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) да интервенираат безбедно, објави МИА.
Според неофицијални информации, освен куќата каде избувнал пожарот, огнот зафатил уште три соседни куќи.
Екипите на БППЗ Скопје се на терен и работат на гаснење на пожарот.
А, според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 20:30 часот, има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни и изгаснати се 18 пожари.
Активни се пожарите во Дојран, село Горнањи, кај селата Џидимирци и Крушје, помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, улица Индира Ганди во Општина Шуто Оризари и во населба Три Багреми во Прилеп.
Во моментов под контрола нема, а изгаснати се пожарите со Гази Баба, Прилеп, Ресен, Охрид, Виница, Куманово, Старо Нагоричани, Крива Паланка, Ранковце, Тетово и Гостивар.