сабота, 27 декември 2025

Горат ѓубриште и депонија во Драчево и Демир Хисар

Пожарникарите од Демир Хисар го гаснат пожарот на градската депонија. Освен 4 пожарникари со 2 противпожарни возила не терен се и вработени во ЈКП Комуналец Демир Хисар и една градежна машина, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Горат автомобилски гуми поради што има појава на густ црн чад. Пожарот е под контрола и нема проширување на останатиот дел од депонијата. Поради појава на ветер гаснењето е отежнато.

Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, на патот накај железничката станица. Пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) се на терен, наведуваат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ