недела, 14 декември 2025

Горат бараки во Карпош 4, пожарот е под контрола (ВИДЕО)

Пожарот на бараки во Карпош 4, пријавен пред 12 часот, се става под контрола.

Фото: Ѓорѓи Личовски

Објавено на

часот

Сподели

Голем пожар избувна во поранешниот објект на фирмата „Макотекст“, во близина на кејот на реката Вардар, во скопски Карпош 4.

Според очевидци, гори магацин во кој е складирана пластика што се користи во градежништвото.

Бараките што горат се на улицата Никола Парапунов, во близина на мостот Обединети нации, кај старата зграда на Македонската телевизија.

Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје и ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарникаритe добиле пријава за пожарот малку пред 12 часот на пладне, по што веднаш реагирале со 2 противпожарни возила од единицата во Тафталиџе.

Вкупно интервенираа 8 противпожарни возила со 23 пожарникари. Нема штети во околината.

По околу два часа Центарот за управување со кризи соопшти дека пожарот е целосно локализиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ