недела, 14 декември 2025

Горан Велковски: Не трениравме магариња, ученици се обучуваа на фарма во Хравтска

Проектите од програмата на Еразмус+ беа за обука на ученици, а не за тренирање на магариња, објави на фејсбук Горан Велковски, поранешен директор на кавадаречко училиште СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци. Тој е брат пратеникот од СДСМ од претходниот состав на Собранието Диме Велковски. ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека 205 илјади евра за овој проект биле наменети за тренирање магариња.

 

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот директор Горан Велковски на Фејсбук појаснува дека со проектите е предвидена обука и практична настава за 70 ученици со професори во земји членки на Европската Унија заедно со други училишта и институции.

„Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, во рамки на ‘Еразмус+’ програмата, го одобри за финансирање проектот на СОЗШУ ‘Ѓорче Петров’ кој вклучува практична обука на 35 ученици и 5 наставници, во времетраење од две недели во Иваниќ Град, Република Хрватска. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ поседува винарска визба, шуми и полиња на кои се одгледуваат различни култури и реализира голем дел од практичната обука на сопствениот имот. Но, училиштето нема фарма за животни каде може да ги реализира практичните часови за сточарство. Затоа, училиштето во рамките на долгорочната стратегија за интернационализација на образованието, предложи проект кој вклучува обука за копитари, пред сѐ за коњи и магариња“, напиша Велковски.

Според него, целта на проектот била учениците да се стекнат со вештини со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет и ќе се подобри нивната вработливост по завршувањето на средното образование.

„Проектот, меѓу останатото е дизајниран и да ги воведе и мотивира учениците да започнат сопствен бизнис. Обуката за копитари се спроведе на фарми за магариња и коњи лоцирани во Иваниќ Град, Хрватска и ќе биде структурирана во четири модули“, објаснува Велковски и додава дека дел од проектот „Избери сирење“ вклучувал теоретска и практична обука за ученици и наставници од сите партнерски организации (апликанти) за производство повеќе видови сирење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ