„Најавуваат многу победнички листи многу победи може да победи само Куманово и може да победат само граѓаните на Куманово да не дозволиме со нашата реторика да го нарушиме нашиот секојдневен живот и меѓунационалните односи. Фонтаната е симбол на нов почеток, на живот, на чистина, на енергија. Од ова место ветуваме нова сила и нова надеж за Куманово опцијата ред за Куманово на трети ноември веќе не е можност туку е единствена опција која ќе покаже како се работи и како се решаваат проблемите во општина Куманово. Сите нè прашуваат што е ред многу едноставно, ред е решенија, конкретни, спроведливи, реални, не „потемкинови села“, не „ајфелови кули“.Ред е експедитивност, брзо решавање, брзо реакција, без чекање, без за одолговлекување“, рече Стојковски.
На прес-конференцијата, кандидатот Стојковски кажа дека РЕД значи дела, на граѓаните им е доста од празни зборови, од флоскули.
„Собрани сме денеска пред ‘Тумба и четири бандери’-фонтаната. Ова место не случајно е избрано, Тумба е симбол на нова енергија, симбол на модернизација и уредност. Пораката е многу јасна на Куманово му е потребна нова енергија, ред и просперитет. Четирите бандери коишто се извишуваат над ‘Тумбата’ во стариот центар на Куманово биле симбол за место каде што се одбива трговија, место каде што се стекнуваат нови пријателства место каде што имаме нови идеи и нови почетоци. ‘Тумба’ е симбол и на нашата визија-за заедништво, за заеднички живот. Зошто го потенцирам моментот за сплотеност и заеднички живот на трети ноември Куманово ќе има нов градоначалник, но мора да ги задржиме старите пријателства, да изградиме нови и да живееме со нашите комшии“, кажа Стојковски.
На 3 ноември, тимот на РЕД за Куманово, потенцираше Стојковски ќе донесе нова енергија, нова надеж и нова сила во Куманово.






