Камиони и тешка механизација на РЕК Битола и на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта веќе се ангажирани за рамнење и тампонирање на земјена девијација во должина од 400–500 метри за движење.
Големо свлечиште на патот Битола – Новаци – Маково

Објавено на
часот
Сподели
Сообраќајот се одвива отежнато, а на терен е поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација.

Свлечиштето беше пријавено на 27 ноември. Стручни служби и експерти, заедно со претставници од РЕК Битола, ЈПДП, ЈП Македоноја пат, Регионален центар за управување со кризи (РЦУК), Надзор на патишта, Дирекција за заштита и спасување ДЗС ЈП Комунален Битола, ЈКП Комунална хигиена Новаци, Државен инспекторат за патишта, Инспекциски надзор за патишта работат на санирање на патниот правец и на свлечиштето.





