среда, 9 јули 2025

Голема полициска акција, приведени нарко-дилери во Струмица

Пресечен е меѓународен канал за трговија со дрога. Ова е резултатот на големата полициска акција во која се приведени тројца нарко-дилери во Струмица, дознава МКД.мк за акцијата на МВР која е во тек.

Објавено на

часот

Сподели

На улицата „Климент Охридски“ во Струмица припадници на Бирото за јавна безбедност и на Секторот за внатрешни работи Струмица пресекоа канал за меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна дестинација најверојатно во Бугарија или Грција.

Двајца од приведените се од Скопје, а еден од Струмица. Запленета е поголема количина на марихуана.

Вечерва се очекуваат повеќе детали од МВР.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ