недела, 14 декември 2025

Голем пожар избувна кај Октиси

Во близина на струшкото село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

На терен се екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Ер-тракторите на Дирекцијата за спасување се веќе упатени да го гаснат овој пожар.

„По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот. Авион на ДЗС е веќе на пат кон локацијата за гаснење на пожарот“, наведуваат од ЦУК.

До 12 часот низ земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор од кои активни се три, изгаснати три, додека еден е под контрола.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај Јасен, Општина Струга, Октиси и Општина Могила, во атарот на село Могила. Под контрола е пожарот во Општина Сарај, а изгаснати се во Општина Кичево село Челопеци, во Општина Македонски Брод. село Крапа и Општина Крива Паланка, село Нерав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ