понеделник, 8 декември 2025

Голем дефект на водоводна цевка, вечерва половина Скопје без вода

Вечерва голем дел од Скопје остана без вода. Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека причината е сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм, на ул.„Франце Прешерн“ 199 Д, во населбата Влае.

Објавено на

часот

Сподели

„Со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, додека останатиот дел од Скопје ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршувањето на работните активности“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и кканализација.

Според информации од социјалните мрежи, моментално без вода се населбите Влае, Ѓорче Петров, Карпош 1,2,3,4, Центар, Козле, а со намален притисок се во Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ