Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 4.924,8 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 125% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.250 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 7 мај.
Заради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на банката.
Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на банката и Консолидираната годишна сметка за 2024 година и Годишниот извештај за работењето во 2024 година.