„Јазикот на омразата не треба да продолжи. Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета“, рече Главчев.
Според него, иако нема промена на бугарската позиција, сепак е добро да се почне да се разговара за европските односи со добар европски тон, каков што треба да се користи меѓу држава членка и кандидат за членство во Европската Унија.
Запрашан на кој јазик разговарале со Мицкоски, Главчев одговори дека тој зборувал на бугарски, додека ќе треба да го прашаат македонскиот премиер „на кој јазик говори“.
Премиерот Мицкоски вчера во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан заедно со лидерите на земјите членки на Унијата и на државите од регионот.






