четврток, 18 декември 2025

Ѓорѓиевски: За еден месец намален е бројот на диви депонии во Скопје

Состојбите од пред 30 дена и функционалноста или нефункциналноста на ЈП  „Комунална хигиена“ – Скопје, на ЈСП „Скопје“ и со сите јавни претпријатија е далеку подобра денес од состојбата која ја имавме во минатото. Треба да земеме предвид дека јас сум градоначалник на главниот град еден месец, кој наследи долг од близу 300 милиони евра, но и наследи целосно девастирани и уништени јавни претпријатија, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговорајќи на новинарско прашање. 

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети дека првиот ден кога влегол на функција во Град Скопје, механизацијата на ЈП  „Комунална хигиена“ – Скопје била 16 камиони.

„Никогаш нема да се жалам и не покажувам слабост, иако имаме сериозни проблеми. Никогаш нема да го обременувам мислењето и расположението на нашите сограѓани затоа што ми е обврска, пред народот што ми дал доверба, јас да дадам сè од себе и да ги поправам состојбите“, рече Ѓорѓиевски.

Тој Информира дека во моментов има 50-тина камиони што се во функција на „Комунална хигиена“ или три пати повеќе од бројката што ја наследил.

„Да, имаме дефекти. Се случуваат пропусти и не сме совршени. До март или април следната година обезбедуваме средства во буџетот за да набавиме нови камиони. Од страна на Министерството за транспорт и Светска банка и пред сè со поддршка на премиерот, ќе ни обезбедат уште 30-тина камиони. И работиме на тоа. Тоа не се процеси кои ги решаваме преку ноќ“, изјави Ѓорѓиевски, кој додаде дека е намален бројот на диви депонии во Скопје и оти кејот, плоштадот и централното градско подрачје се исчистени.

Тоа го правиме, како што рече, без околу 600 лица кои беа на платни списоци, земаа плати, трошеа средства од граѓаните со години.

„Ги отстранивме од работа и не сме вработиле нови лица. Со помалку лица работиме и даваме сè од себе. Состојбите нема да ги решиме преку ноќ, но даваме сè од себе“, нагласи Ѓорѓиевски.

Во однос на обвинението против поранешниот директор на „Комунална хигиена“ и управителот за отпад за загрозување на животната средина, според него, таму има доста работа за истражните органи. Ги охрабрува институциите да ја проверат состојбата и во Град Скопје и во сите јавни претпријатија и додаде дека е на располагање за да се „истераат постапките до крај“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ