четврток, 8 јануари 2026

Ѓорѓиевски за Божиќ: Секој нов ден да биде благословен со успеси

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет.

Објавено на

часот

Сподели

„Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија“, посочува Ѓорѓиевски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

 

Порачува секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре.

„Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг.
Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки. Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца. Честит Божиќ. За многу години!“, напиша тој.

Ѓорѓиевски во честитката нагласува дека Божиќ е ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака.

„Божиќ е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта. Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството“, посочува Ѓорѓиевски во честитката за Божиќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ