На средбата, како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, изразил благодарност за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои ги положија своите животи за слободно Скопје.
На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.

„Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември! Слава на борците за слободно Скопје“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.






