„Скопје мора да добие модерен, функционален и достапен јавен транспорт кој ќе одговара на реалните потреби на граѓаните. Денешната средба со приватните превозници беше важен чекор во таа насока. Разговаравме не само за предизвиците, туку и за конкретни решенија,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека успешен и ефикасен јавен превоз е можен само со координирано дејствување помеѓу ЈСП и приватните превозници. Соработката, според него, мора да биде партнерска и насочена кон јасно дефинирани цели: редовност, достапност и квалитетна услуга за сите граѓани.
„Ќе преземеме конкретни чекори за надминување на тековните проблеми во јавниот транспорт. Ќе се разгледаат и имплементираат позитивните регионални искуства, ќе се работи на оптимизација на линиите, подобрување на возниот ред и ќе се обезбеди сигурен, редовен и модерен превоз,“ додаде градоначалникот.
Според Ѓорѓиевски, ваквиот пристап не е само логистичка неопходност, туку и визија за град кој се движи напред – Скопје кое го олеснува секојдневието на жителите и гради основа за урбана иднина.
„Работиме за Скопје што се движи напред — за граѓаните, за секојдневието, за иднината,“ порача Орце Ѓорѓиевски.






