сабота, 12 јули 2025

Ѓорѓиевски: Расадник добива нова современа детска градинка

Во скопската населба Расадник интензивно се гради нова, современа детска градинка, уште еден значаен капитален објект на општина Кисела Вода наменет за најмладите жители. Проектот се реализира со одлична динамика и претставува конкретен чекор кон подобрување на условите за предучилишно воспитание и згрижување на децата.

Објавено на

часот

Сподели

Градинката ќе се простира на површина од 800 квадратни метри, со капацитет за згрижување на 120 деца. Ќе располага со вкупно шест занимални, од кои две ќе бидат наменети за јасли.

Со оваа инвестиција, општината продолжува со исполнување на стратешката цел – целосно затворање на листите на чекање за прием во градинка. На почетокот на мандатот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, повеќе од 400 деца чекаа на прием. Денес, благодарение на изградбата и отворањето на нови објекти во населбите 11 Октомври, Потстаница, а сега и во Расадник, општината не само што обезбедува место за сите деца од своја надлежност, туку отвора можности и за згрижување на деца од соседни општини.

„Ова не е само инвестиција во инфраструктурата – ова е инвестиција во иднината. Обезбедуваме квалитетни услови за секое дете, но и големо олеснување за секој родител. Го исполнуваме ветувањето што го дадовме пред граѓаните – дека децата ќе бидат наш приоритет број еден. Благодарен сум на Владата на Република Македонија, на Премиерот Христијан Мицкоски, на Министерството за труд и социјална политика и на сите институции и луѓе кои се вклучени во реализација на овој значаен проект“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ