недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Ѓорѓиевски: Прв чекор по изборот – реорганизација на јавните претпријатија и чистење на градот во првите 72 часа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска го оствари своето гласачко право на избирачкото место 2789 во новата детска градинка во Драчево, во месноста Потстаница, Општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Штотуку го остварив своето гласачко право. Како и во првиот круг, се надевам дека и во вториот круг ќе бидат мирни и демократски овие избори. Ова е празник на демократијата и се надевам дека до завршување на изборите сè ќе биде во најдобар ред. Денеска се гласа за иднината на нашите семејства, за иднината на нашите деца и се надевам дека што помасовно ќе излезат граѓаните да го дадат својот глас“, изјави Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање што би биле првите чекори доколку биде избран за градоначалник на Град Скопје, Ѓорѓиевски рече дека тоа се реорганизација на јавните претпријатија, стабилизирање на нивната состојба и чистење на градот во првите 72 часа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ