„Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и поддршката започнав со теренски посети. Ги посетив општина Бутел, општина Гази Баба и продолжуваме секојдневно со останатите општини во градот. Верувам во силна победа и давам сè од себе што побрзо да биде готова програмата. Јас не планирам програмата да ја составувам канцелариски и сметам дека најправилниот начин е програмата да биде создадена токму од граѓаните кои ќе ги очекуваат промените во градот Скопје“, рече Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски во текот на своето гостување објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде сè од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг победи во градот Скопје.
„За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве, на пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам сè од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје“, кажа Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски укажа дека сето ова се должни на сè она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода, односно станува збор за реализација на куп проекти кои ги реализирале.
„Одлуката за јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти што никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје, односно нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.
На крајот Ѓорѓиевски порача:
„Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните“.