Станува збор за предмети по сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо, пишува Ѓорѓиевски.
„Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници. Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти. Го враќаме редот, одговорноста и навременото постапување. Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни.
Тоа е принцип од кој нема отстапување, исто како што беше ветено во мојата изборна програма“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој во својата објава тврди дека градската администрација прави сериозни напори за зголемување на приходите на Градот, со цел навремено подмирување на обврските во интерес на сите граѓани.
„Апелираме до сите физички и правни лица да ги исполнуваат своите обврски кон Град Скопје навремено и одговорно. Време е сите да дадеме свој придонес. Заедно, да го придвижиме Скопје напред“, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на неговиот официјален фејсбук профил. .






