понеделник, 14 јули 2025
Стартува мега проектот „Стаклара – Каменик“

Ѓорѓиевски: После половина век, Стаклара конечно добива чиста вода за пиење

Со поставување на нова водоводна мрежа во должина од околу 6 километри, Стаклара и Каменик конечно ќе добијат трајно решение за проблемот со водоснабдувањето, еден од најгорливите инфраструктурни предизвици во овој дел на Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Чест ми е да објавам дека започнуваме со реализација на мега проектот ‘Стаклара – Каменик’, со кој конечно, после цели 50 години, овие населени места ќе добијат чиста и безбедна вода за пиење. Нашата определба отсекогаш била работа, а не празни зборови – и токму тоа нѐ издвојува,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Проектот се реализира во две фази – првата е поддржана од Министерството за животна средина преку средства од Европската инвестициска банка, додека втората е финансирана директно од буџетот на Општина Кисела Вода.

Предвидено е изградба на пумпна станица, потисен цевковод до резервоар и главен цевковод низ целата населба. По завршување на водоводната инфраструктура, ќе следи и комплетно асфалтирање на улиците, со што Стаклара од „заборавена населба“ ќе прерасне во гордост на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ