Ѓорѓиевски нагласува дека со убав збор и добра мисла сака да ја започне изборната трка за Град Скопје.
„Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје.
Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен.
Ќе се видам со секој од вас, во секое маало и уличка, секое населено место и од вас, од вашите проблеми ќе ја креираме новата победничка програма со која Скопје ќе го возобновиме. Време е градот што сите го сакаме, да блесне повторно со својот сјај, достоинство и дух. Заедно со вас, чекор по чекор, ќе му го вратиме достоинството на Скопје“, порачува Орце Ѓорѓиевски како кандидат за градоначалник на Скопје.






