понеделник, 14 јули 2025

Ѓорѓиевски: По три децении запоставеност, се реконструира патот кон Пеленица

Интензивно се одвива реконструкцијата на патот кон Пеленица – една од најфреквентните, но со децении занемарувани патни делници на територијата на Општина Кисела Вода. По речиси 30 години чекање, овој правец конечно добива нов лик, со што жителите на Драчево, Кисела Вода и околните населени места ќе добијат современа, безбедна и функционална патна инфраструктура.

Објавено на

часот

Сподели

Реконструкцијата се реализира на делница долга 3.370 метри, од Универзитетот „Јустинијан Први“ до границата со Општина Студеничани. Патот се проширува на околу 6 метри ширина, а за првпат се гради и тротоар од едната страна – значително унапредување за безбедноста на пешаците и вкупната мобилност во овој дел на општината.

Покрај асфалтирањето, проектот опфаќа и решавање на долгогодишниот проблем со атмосферските води. Се поставуваат ф1.000 цевки и каналетки за нивно соодветно одведување, со што ќе се спречи поплавување на делницата при обилни врнежи.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изрази задоволство што, по децении занемареност, жителите конечно добиваат патна делница што одговара на нивните потреби.

„После 30 години, конечно се реконструира патот кон Пеленица. Тридецениската голгота завршува тука – граѓаните ќе се движат по модерен и безбеден пат. Се работи интензивно, со сериозни градежни интервенции, вклучително и изградба на тротоар и атмосферска канализација. Заедно со Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски демонстрираме вистинска смисла на соработка – за реални проекти што носат квалитетен живот. Продолжуваме со истата сила, затоа што нашите граѓани го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ