Тој нагласува дека се обезбедени доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите.

„Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови. Заедно, одговорно и подготвено!“, порачува градоначалникот Ѓорѓиевски.






