петок, 23 јануари 2026

Ѓорѓиевски: Нас, снегот не може да нѐ изненади (ВИДЕО)

Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници, вели во објавата на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласува дека се обезбедени доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите.

„Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови. Заедно, одговорно и подготвено!“, порачува градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ