Тој истакнува дека се ангажирани општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во затрупување на пожарот.
„Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа! Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје“, вели Ѓорѓиевски.
Тој додава дека некој си игра со нашето трпение и здравје и упати апел до сите надлежни институции да постапат „итно и безмилосно“.






