недела, 14 декември 2025

Ѓорѓиевски: МАНУ останува чувар на македонскиот јазик, култура, идентитет и соживотот

Македонската академија на науките и уметностите со децении претставува симбол на интелектуалниот и духовниот развој на нацијата, објави градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој денеска присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на МАНУ.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиевски потенцира дека со својот научен и уметнички интегритет, МАНУ останува чувар на македонскиот јазик, култура, идентитет и соживотот меѓу различните заедници во земјава.

„Нека е честит Денот на МАНУ. На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, денес имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

Тој додава дека „со својот научен и уметнички интегритет, МАНУ останува чувар на македонскиот јазик, култура, идентитет и соживотот меѓу различните заедници во Македонија“.

„Особено ми беше задоволство што бев меѓу истакнати претставници на научната фела од нашата земја и од регионот, со кои поразговаравме за бројни теми од интерес на иднината на Скопје“, наведува тој.

„Упатувам искрени честитки до овогодинешните добитници на меѓународното признание Блаже Конески, Емилио Марин и Ивица Баковиќ. Честит празник за сите членови и соработници на МАНУ“, додава Ѓорѓиевски во својата објава на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ