недела, 7 декември 2025

Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам имињата на сите кои земале плата, а не работеле

Речиси 400 лица кои биле на платен список во скопските јавни претпријатија, воопшто не доаѓале на работа и добија отказ. Убеден сум дека таа бројка ќе биде 500. Овие лица годишно го чинеле буџетот на Скопје најмалку 5 милиони евра годишно, или 20 милиони евра за еден четиригодишен мандат. Толку чини Луна паркот што треба да го направиме, изјави денеска Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје кој вчера изјави дека 371 лице вчера добиле отказ, а денеска таа бројка веќе достигна до 400.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемата број на откази, 170, се евидентирани во „Паркови и зеленило“ и во „Комунална хигиена“.

Ѓорѓиевски категорично изјави дека „прошка и милост нема да има за никого“ и ги повика надлежните институции да влезат во претпријатијата и да ги истражат овие случаи, најавувајќи дека ќе бара одговорност без оглед на партиска, верска или национална припадност.

Тој најави дека списоците со имиња и презимиња на овие лица ќе бидат јавно достапни. Активностите за откривање на злоупотреби во јавните градски претпријатија ќе продолжат и во наредните денови, подвлече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека вечерва до него дошла информација за други злоупотреби, поткрепени со документи.

„Изминатиот период биле ангажирани возила за чистење во ‘Комунална хигиена’ и тие возила се плаќани на име на физички лица за интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра. Повикувам да се вклучат надлежните институции и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во ‘Комунална хигиена’“, рече Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ