Ѓорѓиевски информира дека покрај средбата со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ на која разговарале за конкретни чекори за обновата на Скопје, тој ja посетил современата фабрика за комунален отпад.
„Инспиративна беше посетата на фабриката за комунален отпад, каде што се преработува отпадот од 46 општини низ Словенија, проект реализиран со поддршка на Европската унија. Tаму добивме ветување за соработка и поддршка во надминување на проблемот со јавната чистота во Скопје. Љубљана е доказ дека со јасна визија, ред и посветеност може да се создаде град кој е чист, достоинствен и пријатен за живот“, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски го посетил и градското претпријатието за јавен превоз.

„Од средбата со менаџерскиот тим на претпријатието за јавен превоз добивме многу искуства и знаења, а тие се подготвени да испратат експертски тимови кои ќе помогнат во решавањето на еден од најгорливите проблеми во нашиот град, јавниот транспорт. Се враќаме со нови идеи, искуства и силна мотивација – да го направиме и нашето Скопје град со кој ќе се гордееме“, вели Ѓорѓеивски по посетата на Љубљана.







