„За мене, еден од најважните капитални проекти. По завршувањето на законската процедура, за околу 40 дена започнуваме со работа, додека рокот за изведба е до крајот на оваа календарска година. Ова, почитувани, е исправување на една долгогодишна неправда кон вас. Предолго, овој булевар беше симбол на застојот. 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, беа 850 метри нервоза, прашина, оштетени возила, изгубени часови и скршени надежи. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно поминуваа низ таа голгота. Но, тоа време завршува! Овие гужви кои секојдневно ги гледаме, одат во минатото. На местото на овој хаос ќе изградиме современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека. Простор што ќе значи побрз проток, наместо часови застој. Безбедност, наместо ризик. Ред, наместо импровизација!“м напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.

Тој побара од скопјани за уште малку трпение додека заврши законската постапка и траат градежните активности.
„Привремената непријатност ќе донесе трајно решение за сите нас. Ќе работиме темелно, одговорно и во даден рок. Нека е аирлија! Најдоброто, доаѓа“, напиша Ѓорѓиевски.






