Како што објави Ѓорѓиевски на својот Фејсбук-профил, Скопје добива нов лик.
„На клучката кај Момин Поток се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство“, се вели во објавата на градоначалникот на Град Скопје.







