петок, 19 декември 2025

Ѓорѓиевски им се „пушти“ на дивоградбите, багерите на Град Скопје рушеа нелегални објекти (ВИДЕО)

Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и сподели снимка од  акција за расчистување бесправно изградени објекти на кејот на Вардар во центар. Нема да има никакви отстапки, нагласува Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани. Акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје! Ова е процес во кој сите сме партнери. Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите“, напиша Ѓорѓиевски порачувајќи дека заедно градиме град каков што заслужуваме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ